Актерката Билјана Беличанец беше пронајдена мртва вчера околу 23 часот, а МВР денеска официјално соопшти дека 45-годишната актерка, инаку мајка на две деца, се обесила во бањата, а ја пронашол сопругот.
Од неа со голема тага денеска се простија дел од актерите.
“Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.Замина во Недојдиј”, напиша актеротДраган Спасов-Дац
– Почивај во мир драга Беличанец и во вечноста пронајди го она што овде не можеше. Бескрајно ќе ни недостасуваш, напиша, – Јелена Жугиќ.
Актерката Јелена Јована со емотивна порака се прости од нејзината постара колешка.
„Се надевам дека сега си на подобро место…
Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…
Толку многу даде, а уште колку многу остана….
Тешко и за неверување маме..
Ти благодарам за СЕ!
Почивај во мир Билјана Беличанец“-напиша Јелена.
Игор Џамбазов напиша: “Почивај во мир моја Б. Б.“
– Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет, – напиша Васил Зафирчев.