Хрватски пејач Тони Цетински им се обрати на фановите преку Фејсбук во живо и зборуваше за вакцинациите, бидејќи ова е, како што вели тој, најактуелната тема која се врти во неговата глава.
Тони им кажа на обожавателите отворено дека не сака да се вакцинира и дека е силно против вакцинирање.
– Во мојата глава, најактуелна тема е вакцинацијата. Повеќе не се плашам од коронавирусот, туку се плашам да го видам моментот кога ќе започне репресијата и кога тие насилно ќе ги вакцинираат оние што не сакаат да бидат вакцинирани. Јас сум многу исплашен од тоа. Кој ќе ме натера да се вакцинирам ако не сакам?, почна Тони да ги споделува своите размислувања, кои реши да ги сподели со фановите.
– Кој сака да се вакцинира, не ми пречи. Јас не давам. Едноставно не дозволувам некој да ме вакцинира. Отворете го „Голи оток“ за нас кои не сакаме да се вакцинираме па со лисици приведете нè, затворете нè, заклучете нè, почекајте да заспиеме или успијте нè и насилно вакцинирајте нè. Нема шанси!, рече пејачот, додавајќи дека се надева дека Фејсбук нема да го затвори неговиот профил и дека во едно демократско општество треба да му биде дозволено да зборува на сите теми.
Тој истакна дека тој и неговото семејство нема да бидат вакцинирани, а ги запраша фановите дали сметаат дека ова се случува во моментот за да се доведат луѓето под контрола и да се чипираат.