На Самитот на светски лидери кој ќе се одржи во Келн на 4 април е добра можност ако имате 5.000 евра да вечерате и да се сликата со поранешниот претседател на САД Барак Обама. Околу 5.000 луѓе веќе купиле влезници за Самитот .
Доколку ги купите најскапите влезници ќе можете да присуствувате на вечера со поранешниот американски претседател, а за спомен ќе добиете и фотографија со него. Станува збор за стотина такви “златни карти”, од кои веќе некои им се доделени на почесните гости. Доколку сте заинтересирани, организаторите изјавија дека останале уште 15.000 карти.
Настапот на 57 годишниот Обама ќе биде многу добро платен, но организаторите тврдат дека тоа не е единствената причина поради која одлучил да учествува на самитот.
Инаку, новинарите ќе можат да му прават интервју околу еден час.