Американската пејачка Кети Пери (36), која пред неколку месеци ја доби ќерката Дејзи Дејв со актерот Орландо Блум, сега ги шокираше сите гледачи на „Американски идол“ кога се појави во шоуто во „фустан за доење“.
Имено, Кети Пери, која е во жирито на популарното натпреварување со Лајонел Ричи и Лук Брајан, во неделата навечер откри дека нејзиниот фустан „Christian Siriano“ има панел за доење – а потоа го откачи на сред емисија и покажа како изгледа.
-Мојата омилена мајка е во собата во моментов. Покажи ни и раскажи – рече Ричи, а потоа пејачката го откопча фустанот и го покажа градникот.
-Ако сте гладни, подготвена сум да ве нахранам“, рече Пери, покажувајќи кон градникот во боја на кожа, кој се криеше под правоаголнит џеп на фустанот.
Ричи потоа го пофали „преминот на пејачката од поп sвезда во супер мајка“ и рече дека одлично се снашла во нејзината нова улога.
Да потсетиме, убавата пејачка се породи на 25 август 2020 година, а парот ја испрати првата фотографија од бебето во порака упатена до УНИЦЕФ, пишувајќи:
-Лебдиме од љубов поради безбедното и здраво раѓање на нашата ќерка – напишаа Кети и Орландо, нагласувајќи дека знаат дека во овој момент немаат сите исти можности.
Тие посочија дека знаат дека УНИЦЕФ прави се што може за да им помогне на оние на кои тоа им е потребно, и подготвија донација во име на раѓањето на нивната ќерка.
Како што изјавија тогаш, тие се сигурни дека нивната наследничка веќе има големо срце.