Јелена Карлеуша повторно не се појави во белградскиот суд на второто рочиште со фудбалерот Огњен Врањеш кој ја тужи за закана и јавни навреди преку социјалните мрежи, а како што тврди загрозена му е и сигурноста. Пејачката се оправда така што ја приложи умреницата на мајка и Дивна Карлеуша, а адвокатите на Врањеш велат дека следен чекор е покана преку полиција.
Врањеш пред судот се појавил со адвокатот, а на прашањето што ако Јелена не се појави и по третпат, тој одговара:
„Тоа прашајте ја нејзе“, пишува српски Телеграф.рс.
Додека адвокатите на Карлеуша се обиделе да го оправдаат нејзиното отсуство, Врањеш ги изгубил нервите.
-Сметам дека ова е непочитување кон мене. Јас сум од Босна, а престојувам во Брисел. Поминав 1.500 километри за да го испочитувам судот и нека никаква логика дека не добила покана и дека не знаела за рочиштето. Нејзините адвокати беа на првото рочиште, па не ми е јасно како тоа сега не се појави, изјавил фудбалерот.
Новото рочиште е закажано за 31 мај, а доколку ни тогаш не дојде, по неа ќе оди полиција –пишува српски Курир.
Инаку, фудбалерот од пејачката бара два милиони динари, меѓутоа ни Јелена не му остана должна и го тужи за клевета.