На 79 годишна возраст и 58 години затворски стаж почина мафијашкиот бос Рафаеле Кутуло. Тој бил најстариот криминалец кој издржувал доживотна робија по системот “41 bis”, што подразбира тотална изолација и живот во самица. Самиот изјавил дека е жив закопан.
Кутуло бил шеф на Нова Ндрангета, мафијашка организација која оперирала во регионот Кампања од 80-тите година, а активна е и денес.
Покрај неговите криминални активности, останал запаметен по изјавата дека доколку решел за зборува, парламентот би се распаднал, алудирајќи на врските на некои италијански политичари со мафијата.
Уште во јуни минатата година неговите адвокати барале да биде пуштен во домашен притвор поради нарушено здравје, но судот го одбил барањето оценувајќи дека неговото влијание во криминалните кругови и натаму е големо и дека се уште претставува симбол за сите оние кои дел од мафијашкиот свет.
Инаку, Кутуло имал двајца браќа, и двајцата се криминалци, а еден од нив исто така издржува затворска казна.