Со стартот на пандемијата на коронавирус здравствените работници се под постојан хроничен притисок, а во изминатиов период чести се и физичките напади врз нив.
Во својот Фејбук статус координатор на медицински сестри во Клиничкиот центар, Вики Котевска и се обраќа на јавноста посочувајќи дека потребна е поглема почит кон здравствените работници.
„Колку сме толку сме, тие сме, и како тргнала работава сѐ помалку ќе бидеме..И уште ако не сме Ви добри, шо да кажам.. Заборавете ми го телефонскиот број за да прашате за совет, за да ме замолите за услуга, за врска, за да се исплачете…Напад на секој здравствен работник е напад врз мене.. И време е да се свестите дека ние сме ви последното упориште, последната надеж.. Последната шанса.. Затоа, ако не си вака до мене, било кој од Вас, бидете достојни да не нѐ кудите и да не нѐ судите.. Или пак бујрум до нас, ќе се најде работа, за сите има место да помогнат..Да не биде дежурни кривци за сѐ труло шо се случува околу Вас, со Вас, за Вас самите..“, пишува Котевска.