Директорката на Клиниката за инфективни болести во Загреб, Алемка Маркотиќ предупреди денеска дека вакцинацијата е добра заштита од коронавирусот, и ако, како што рече, доколку не бидеме имунизирани, ќе ги наполниме гробиштата.
Според неа, добрата вест е што има сè помалку хоспитализирани луѓе на клиниките.
“ Како и да е, во овие 18 месеци искусивме многу што не би сакале да видиме да се случи повторно, и ни се чини дека наскоро би можеле да го видиме тоа повторно“, предупреди Маркотиќ на прес-конференцијата на Штабот за цивилна заштита.
„Добро е што оваа година имаме вакцина, се покажа дека штити од коронавирусот и е многу ефикасна“, рече Маркотиќ и додаде:
„Имаме решение, имаме избор, гледаме што се случува во некои туристички земји, како што се Португалија и Кипар. Би било добро да не се повтори лекцијата од минатата година, која е важна за туризмот, почетокот на учебната година, животот во домовите за стари лица. Ако нема да се вакцинираме, ќе ги наполниме гробиштата“, нагласи Маркотиќ.