Јасмина Али се родила во Авганистан, додека растела под власта на Талибанците. Суровите правила што ги наметнуваат Талибанците таму и казните што самите ги одредуваат за нивното непочитување, можат да се споредат со хорор-филмовите!
Младата Јасмина голем дел од своето детство го поминала гледајќи насилство на улиците во Кабул, каде што владеел страв и трепет од Талибанците.
Уште како девојче побегнала во Велика Британија, каде што почнала да се образува. Првенствено научила да чита и пишува.
И покрај строгите вредности што ја следеле од раѓање, Јасмина сепак одлучила да направи нешто што ретко која жена од таа земја би се осмелила. Нејзиниот потег важи за многу храбар, дури и за некои полиберални земји. Имено, таа се впуштила во светот на порно индустријата и така ги срушила сите табуа.
„Бев изненадена кога првпат почнав да работам во оваа индустрија. Жените беа многу добро платени во споредба со машките колеги. Многупати жените во други индустрии со повисоки квалификации и искуство не добиваат иста плата или почит како нивните машки колеги“, рекла Јасмина.
Во новата татковина станала феминистичка активистка, а се откажала и од своите муслимански корени за да стане атеистка и порно актерка.
Многумина се зачудени од нејзината одлука да заплови во водите на порно индустрија, па се прашуваат како жителите на нејзината земја го прифатиле тоа и како гледаат на професијата со која таа се занимава.
„Генерално ја мразат мојата содржина, бидејќи не сакаат Авганистан да биде познат по порнографија. Како се осмелувам да го покажам своето тело? Тие мислат дека го поседуваат моето тело и тоа што го правам со него, а јас немам право да го покажувам и не можам да бидам вистинска Авганистанка ако го правам тоа. Постојано добивам пораки од типот ‘се фолираш, ти си Еврејка на тајна задача’“, раскажала Јасмина.
Таа истакнала и дека нејзиното семејство е многу строго и дека нема никаков контакт со нив, па со самото тоа не знае што мислат тие за нејзината кариера.
„Немам никаков контакт со моето семејство и не ми имаат кажано во лице што мислат за мојата кариера. Моите родители отсекогаш ми влевале страв. Ако го напуштам исламот, мојот татко се закани дека ќе ме убие поради оцрнувањето на исламот, авганистанската култура и честа на семејството. На крајот на краиштата, тоа е мој живот и не ми е грижа за реакциите на луѓето. Го следам своето срце и правам што сакам, бидејќи тоа е мој живот, мое тело и право“, рекла Али.
Јасмина покажала дека не се вклопува во шаблонот што го наметнале Талибанците и ги руши предрасудите за жените во Авганистан.
„Секогаш сум била бунтовна личност. Мојот инстинкт ми вели да бидам против сето тоа што некој се обидува да ми го наметне“, рекла таа.