Холивудскиот актер Алек Болдвин прифати да присуствува на предавање за одржување на бесот, како би се решил случајот од кривичниот прекршок, кој настане по расправија околу паркинг место.
Тој е оптужен за насилство, откако на 2. ноември пред својата куќа, за време на расправија удрил во лицето друг возач.
Англиските медиуми пренесуваат дека Болдвин се изјаснил дека е виновен, а неговиот случај ќе биде затворен откако успешно ќе го заврши предавањето за контрола на бесот.