Министерот за здравство, Венко Филипче синоќа во вестите на Канал 5 изјави дека ако бројките на заразени растат, ќе има рестрикци.
– Доколку расте бројката на новодијагностицирани случаи доколку и понатаму болничките капацитети се исполнуваат, ќе бидеме приморани да дадеме уште поголеми рестрикции, рече Филипче
Според него не е важна само апсолутната броојка на новодијагностицирани пациенти, туку и каков е начинот на трансмисија, дали станува збор за ограничена група и мини кластери и тоа е индикатор за мерките.
– Ќе препорачаме задолжителна маска на отворено, забрана за групирање повеќе од 4 лица после 22 часот и забрана за семејни собири големи затоа што тука е најголемата трансмисија, ние ја следиме состојбата и можно е да препорачаме и дополнителни рестрикции, а тие би биле рестрикции во јавниот превоз, понатаму скратување во работното време за одредени економски субјекти, изјави Филипче.
Тој рече дека зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и смета дека тоа ќе даде резултати и додаде дека задолжителното носење на маска на отворено е нешто што целосно ја смени сликата во Италија.
– Јас сум убеден дека овие мерки ќе дадат резултати, доколку не дадат сигурно дека ќе има препорака за рестрикција во движење. Најпрво скратување на работно време на одредени економски субјекти, угостителски објекти, но и рестрикции во движењето, нагласи Филипче.