-Не мора да значи некој е здрав ако нема симптоми на зараза со Ковид-19, – изјави италијанскиот имунолог Роберто Бурони, во напис во медицинскиот магазин „Медикал фактс“.
Тој потсетува дека и кај другите болести е слично. На пример, лица кои заболуваат од рак, дијабетес, глауком, СИДА, но и други болести, често, особено во првата фаза немаат симптоми за заболувањето, што не значи дека некој е здрав.
„Веќе е докажано дека таканаречените асимптоматски случаи трпат последици од корона вирусот, нивниот организам е нападнат и може трајно да биде оштетен, а пациентот тоа да не го ни знае“, вели доктор Буроне.
„Исто така, лицата кои немаат јасни знаци на зараза со Ковид-19, во состојба се да заразт други лица и тоа е проблемот со корона вирусот. Се шири брзо, во случај на асимптоматски и незабележително и дотолку повеќе е опасен“, вели тој.