Новинарот Драган Б. Костиќ преку статус на Фејсбук напиша дека не го интересира политика, туку неговото здравје и дека ако наскоро нема вакцини народот ќе ги урива владите.
-Гледам САМО ВИСТИНА.Не ме интересира политика. Порадо би гледал турски серии одошто политички емисии со квази аналитичари.Ама овој Ненад Јовановиќ треба да се врати во племенска заедница и за казна да чита (од кога ќе го научи тоа, кога ќе дојде време ), пред се книги, за кој вели дека се “источни” (историја, книжевност, архитектура, сите книги за машинство, медицина, математика, од какви учеа на своите факлултети многумина мои пријатели…) па можеби ќе сфати некои нешта.Не ме интересира ни СДСМ, ни ВМРО…ме интересира МОЕТО ЗДРАВЈЕ. А чиј лек и кој ќе ми го овозможи, не ми е битно.Овој Н.Ј. сфаќа ли дека ако наскоро нема вакцини, а смртноста почнува да се зголемува во сите балкански земји (без оглед НАТО или ЕУ членки) народот ќе ги урива владите.
Како ќе се вратат назад? Веројатно, на”демокртатски” начин. Притисоци, уцени, американски систем на избори….
Кој и да победува….
А бе одговорни од телевизиите, тргнете некои луѓе од пред очите и ушите на јавноста, за доброто на сите.
Не е се, во наводната гледаност, – стои во постот на Драган Б. Костиќ на Фејсбук.