Муртер и Бетина се први градови во Хрватска каде е прогласен целосен карантин.
Прогласени се строги мерки, а на патиштата се поставени шилци кои бушат автомобилски гуми, пренесува хрватскиот портал Индекс.
-Мустер од 8.45 часот е потполно затворен, граѓаните немо да влезат ниту да излезат од градот. На патот се наоѓаат шилци за бушење гуми- јавува Н1.
Инаку, во Хрватска се потврдени 24 нови случаи на коронавирус, и сега вкупниот број на заразени во оваа земја е 442 лица. Досега во Хрватска од коронавирус се излечени 22 лица.
Фото: 24часа.хр