Еден од најпознатите руски фудбалери, Владимир Бистров, деновиве ја шокирал локалната јавност со коментар испратен до поранешната шампионка во уметничко лизгање, Ана Семенович.
Бистров објави дека големите гради на жените се гаранција за неуспех во спортот, а за пример ја зеде Ана Семенович, една од најлуксузните спортистки во Русија, гледајќи во нејзината биста:
-Погледнете ја, таа не можеше да постигне ништо поради нејзините големи цицки, мораше да се откаже. Можеби ако ги намалеше, можеби тогаш ќе имаше поголем успех.
Русокосата не му остана должна:
-Мислев дека си паметен човек, но покажа дека си глупав и груб. Сакам да ти кажам неколку работи. Прво, имам гради, а не цицки. Второ, не разбирам зошто ви пречат тие делови од телото. Можеби треба да скратиш нешто што ќе ти овозможи да трчаш побрзо и да постигнуваш повеќе голови – напиша Ана на социјалните мрежи.