Познатиот кореограф и сопруга на актерот Кирил Поп-Христов, Гордана Деан Поп-Христова е активна на социјалните мрежи.
Гордана која веќе подолго време живеат во Еквадор имаше интересен пост на својот Фејсбук профил.
“Не знам дали е баш нормално ама јас кога пред мене оди некој интересен или многу згоден, било да е машко или женско одам што подолго позади него, тоа од мала го правам. Елем денес се така заблентав и ваљда ме осети девојката и се сврте, уффф шок се случи, ме погледна лице како од филмот Егзорцист, многу страшно, ружно и мнооогу дрогирано“ напиша Гордана Деан Поп-Христова.