Професорот д-р Никола Пановски, јавно реагира дека огласите што се појавуваат на интернет и на социјалните мрежи, а во кои се вели дека тој промовира одредени производи се лажни.
Д-р Пановски истакнува дека реагирал до надлежните, но дека тоа не донело резултат.
“Драги пријатели, една молба до сите вас! Ве молам споделувајте го овој пост со мојов текст кои следи:
АКО ВИДИТЕ РЕКЛАМА, ТЕКСТ, ФОТО, ИНТЕРВЈУ СО МЕНЕ НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА БИЛО КАКОВ ПРОИЗВОД, ЧАЈ, ЛЕК ИТН. ЗНАЈТЕ ДЕКА Е ЛАГА, НЕ КУПУВАЈТЕ ВЕ МОЛАМ!!!
Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден.
Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам.
СПОДЕЛЕТЕ!!! Ви благодарам, апелира д-р Пановски.