Ејми Купс (32) од Северна Каролина била учителка, а потоа станала ѕвезда на платформата за возрасни. На Инстаграм често споделува совети од областа на врските и се смета себеси за „експерт за афери“.
Бидејќи и самата била изневерена, сега решила со жените да ги сподели знаците дека мажот ги изневерува бидејќи, како што вели, најчесто изневерувањето е за време на претстојните празници: „Знам колку боли изневерувањето затоа што се разведов од сопругот откако ме изневери. Никој не сака ни да помисли дека партнерот би можел да го изневерува и затоа жените често ги затвораат очите пред суптилните знаци. Не заборавајте да ја слушате вашата интуиција”, рекла таа.
Партнерот одеднаш е пофин од порано – „Ако ви посветува повеќе внимание од кога било досега, ако е исклучително фин, постојано ви купува подароци, тоа е голем и важен знак дека се чувствува виновен за нешто“, вели таа.
Заборавност – „Ако не ве слуша, ако постојано заборава што сте му кажале и што сте се договориле, тоа значи дека мисли на некој друг“, уверува Ејми.
Повеќе се грижи за хигиената – „Доколку го смени парфемот, почнал почесто да се тушира и повеќе се грижи за хигиената, време е да се загрижите. Тој сигурно ги крие мирисите на друга жена“, вели таа.
Го сменил стилот – „Ако наеднаш се грижи што ќе облече, не ја напушта теретаната и се стилизира повеќе од порано, внимавајте на него“, вели таа.
Телефонот го чува како око во главата – „Ако не ви дозволи да го погледнете или да го користите неговиот телефон и секогаш го носи со себе, имате целосно право да се сомневате во тоа“, заклучува таа.