Аки Рахимовски ќе добие улица во Скопје

by Тони Зографски
Улица во централното подрачје на Скопје ќе биде именувана по Аки Рахимовски легендарниот пејач на „Парни ваљак“, информираше градоначалничката Данела Арсовска.

„Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги.“ напиша Арсовска на Фејсбук.

Инаку, Аки Рахимовски беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com