Пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски (64), добил ќерка со 27 години помладата Словенка Барбара Весел (37).
Аки и Барбара на ќеркичката и дале име Антонија.
Девојчето е родено пред три месеци, а веста ја потврдила мајката на здравствената техничарка од Словенија.
Парот досега врската ја држеше далеку од очите на јавноста.
За приватниот живот на Аки малку се знае. Двапати се венчал, а од првиот брак го има синот Кристијан, исто така познат музичар. Вториот брак, со таинствената Ингрид, траел 14 години и до пред неколку години се пишуваше дека се среќни заедно. Тие ја имаат ќерката Дина.
Инаку, Аки пред неколку месеци имаше полесен срцев удар.