Азербејџанецот Сервер Беширли кој со својот брат Имамверди го наполнил својот стар автомобил со работи од својата трошна куќа во Баку, и тргна кон Турција за да им помогне на луѓето погодени од земјотресите, доби нов автомобил.
Изреката дека доброто со добро се враќа, во неговиот случај се остварила. Иако и самиот е сиромашен, Сервер сакал да им помогне на оние кои останале без своите домови, а пред неколку дена добил и своевидна награда за својата добродушност. Еден бизнисмен му подарил нов автомобил и му го врачил на неговиот татко Расим, бидејќи Сервер сè уште се наоѓа во Адијаман.
„Ние многу добро знаеме како е да се биде бездомник и да се изгуби семејството на студот“, изјавил Сервер. Тој одлучил да реагира кога ги видел сцените од Турција и кога видел дека на луѓето им е потребна помош.
„Иако нашето возило не е во добра состојба, доволно е добро да нѝ послужи да ја пренесеме помошта“, изјавил Беширли и додал дека роднините и пријателите му пренеле дека ги „освоил“ социјалните мрежи со својот чин.
„И ние ја доживеавме оваа катастрофа, го знаеме тоа чувство. Не помогнавме само ние, туку и останатите Азербејџанци, дури и оние кои живеат во други земји помагаат. Бев сведок на една ситуација, кога дојде една девојка, го соблече капутот и го даде во хуманитарна цел“, изјавил тој.
https://twitter.com/i/status/1626194079221530628