Како и секое лето и годинава светските убавици редовно предизвикуваат хаос на социјалните мрежи. Едни од најубавите жени на светот, „жешките“ Адриана Лима и Моника Белучи позираа во црн едноделен костим за капење и фотките ги објавија на Инстаграм.
Атрактивната Бразилка уште еднаш си ја потврди репутацијата на една од најубавите жени на светот, секако истото го стори и прекрасната Италијанка Моника Белучи, за која годините се само бројка.