Администраторот на групата каде се споделуваат порнографски фотографии и видеа од македонски девојки, од кои дел малолетни, која од синоќа е преименувана од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“ е тинејџер.
Откако се обелодени групата „Јавна соба“ на телекомуникациската апликација Телеграм, каде што се споделуваа порнографски фотографии и видеа од македонски девојки, од кои дел малолетни, како што пренесува Телма, полицијата влезе во трагата на администраторот на групата, но и обезбедила телефонски броеви од над седум илјади членови.
„Медо“ е кодното име на администраторот која од синоќа е преименувана од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“ е тинејџер.
Покрај тоа, А1он стапиле во контакт со администраторот кој вели дека групата која била основана за друга цел, изгубила контрола и тој пробал во повеќе наврати да ја избрише, но без успех. Тие додаваат дека групата веќе нема администратори, па функционира сама од себе и брои 4.700 членови.