Британската пејачка Адел неодамна се разведе од својот сопруг Сајмон, а фоторепортерите веќе ја „фатија“ со друг за кој никој не може да поверува дека сега е нејзино момче. Се работи за раперот од Тотенхем, Скепта (37). Тие двајца, како што пишуваат медиумите, излегуваат во Лондон не криејќи ја својата љубов. Фановите се изненадени од нејзиниот избор па многумина коментираат дека не можат да ја замислат оваа љубовна комбинација.
„Адел и Скепта по раскинувањето на нивните врски поминуваа многу време заедно. Во меѓувреме се врзеа еден за друг и делат многу заеднички интереси. Бидејќи поминуваат повеќе време заедно и се пријатели се претпоставува дека ќе бидат и одличен пар“ вели извор за „Сан“.
Инаку, Адел и Скепта често и се споменуваат и на социјални мрежи. Нивното пријателство трае подолго, во една прилика Спекта во 2016 година изјави:
„Адел постојано ми испраќа пораки и ме известува за се“.
После тоа Адел ја закачи неговата слика на профилот на Инстаграм и напиша „Момчето од Тотенхем“ и додаде срце. На тоа, Скепта и одговори, „Те сакам“.