Поп-ѕвездата и музички феномен Адел се појавува на насловните страници на американскиот и британскиот „Вог“ за ноември, додека ја започнува промоцијата за нејзиниот албум.
Поп-дивата влезе во историјата како прва славна личност која во ист месец се појавила на насловната страница на американскиот и британскиот „Вог“ и изгледаше одлично на нив,
Додека Вог споделува повеќе содржини откако Конде Наст ги спои американските и меѓународните оддели, секој Вог објави своја посебна содржина за таа ексклузивна пригода.
За британски Вог, Адел беше стилизирана од уредникот Едвард Енинфул, а фотографирана од Стивен Мејсел. За американскиот Вог, Адел беше стилизирана од Тоне Гудман, а фотографирана од Аласдаир Меклелан. Покрај тоа, списанијата објавија два одделни профили, плод на две одделни интервјуа.
Блескајќи на новите фотографии, Адел првпат проговори за деталите од нејзиниот развод, неверојатната трансформација на нејзиното тело при која ослабе 45 килограми, но и за нејзиното ново момче.
Адел изгледа совршено! На двете насловни страници, нејзиниот портрет и сјајна коса се во преден план.
Адел целосно се промени во последните две години. Долго време не се појави во јавноста, а кога одлучи да се врати на сцената, ги остави фановите во шок бидејќи изгледаше сосема поинаку. Сега одлучи да открие како одлучила да го промени својот начин на живот.
“Не сакав само да ослабам, сакав да станам силна. Вежбам два или три пати на ден”, рекла Адел. Таа зборувала и за разводот од Симон Конецки и признава дека го напуштила затоа што не била толку среќна во тој брак како порано.
“Ништо лошо не се случи, едноставно повеќе не ми одговараше. Би била мизерна ако не се ставам себеси на прво место”, рекла пејачката, за првпат допирајќи ја досегашната љубовна врска со спортскиот агент Рич Пол.
“Тој е толку забавен и паметен. Момците со кои бев порано го мразеа вниманието кога излегуваа во јавност со мене, беа под стрес. На Рич не му е грижа, не се лути”, рекла Адел.
Поминаа шест години откако Адел објави албум, а последниот беше 25 во 2015 година. Таа го објави 19 во 2008 година и 21 во 2011 година. Деталите за нејзиниот камбек се држат во тајност до крај. Деновиве, следбениците на ѕвездата на социјалните мрежи конечно успеаја да го видат тизерот од „Easy on Me,” водечкиот сингл од нејзиниот претстоен албум.