Aдел одложи десет концерти во Лас Вегас.
За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм.
Таа рече дека има здравствени проблеми. “Бев болна пред и за време на целата пауза. Немав шанса да се подобрам пред да продолжи шоуто и сега повторно сум болна, што за жал влијае на мојот глас”, објаснила таа.
Докторот ѝ рекол дека треба да ги одложи концертите, што и го направила. Таа требало да има концерти меѓу 1 и 30 март. Моментално ги разработуваат деталите и наскоро ќе објават кога повторно ќе може да настапи во Лас Вегас.
„Ве сакам момци, многу ќе ми недостигате и извинете за непријатностите“, порача Адел. Пејачката ја започна својата постојана претстава во Цезар Палас во Лас Вегас во ноември 2022 година. Коментарите под објавата се полни со поддршка.
„После 80 концерти заслужуваш одмор“, „Многу работеше овие 35+ недели. Одмори го телото и гласните жици“, „Оздрави“, „Тој ангелски глас треба да се подобри, чувај се за себе“, се некои од коментарите.
Минатиот месец Адел објави дека ќе има специјална европска турнеја во Минхен, Германија, почнувајќи од 2 август.