Автомобил се забил во бандера

by Тони Зографски

Ноќеска околу 3.25 часот,  триесетгодишен жител на село Ливада-струшко со автомобилот излетал од патот и удрил во бандера. Во незгодата тој се здобил со повреди, а тешко повреден е и сопатник кој се возел со него.

Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com