Поранешниот фудбалер на Лацио, Мароканецот Софијан Кијине додека возел, со полна брзина го прелетал кружниот тек во белгискиот град Лиеж и удрил во спортската сала.
Неверојатната ситуација се случила затоа што тој налетал на препрека на патот со брзина од 200 километри на час, која го кренала високо во воздух, по што удрил во ѕидот, а автомобилот се нашол превртен под еден од кошевите:
Op camerabeelden is te zien hoe @OHLeuven-middenvelder Sofian Kiyine in de sporthal terecht kwam. Kiyine reed aan hoge snelheid en katapulteerde over een rotonde. De voetballer verkeert niet in levensgevaar #robnieuws #robtv pic.twitter.com/bvXYuVokjM
— ROBtv (@rob_televisie) March 31, 2023
За среќа, Кијине остана жив и се опоравува, иако повредите на ‘рбетот се доста тешки. Од болницата известија дека неговиот живот повеќе не е во опасност, а се огласи и неговиот сегашен клуб Левен.
Спортската сала „Луј Мелин“ е дом на клубовите за мини фудбал, кошарка и гимнастика, а сега веќе некое време нема да може да се користи.
Инаку, во моментот кога Кијине влетал во салата, во неа имало деца кои повторно од чиста среќа биле во соблекувалната која не била директно погодена.
Изненадувачки, освен Кијине, нема повредени, а освен директните предмети на судирот – неговиот автомобил и салата, нема материјална штета.
Полицијата врши увид.