Романските даночни власти соопштија дека на аукција ќе го продадат автомобилот кој му припаѓал на починатиот комунистички лидер Николае Чаушеску. Почетната цена е 137.500 леи (34.000 долари). Возилото е изработена специјално за него од сега непостоечката фабрика АРО и има поминати 72 000 километри.
Автомобилот беше конфискуван од бизнисменот Овидиу Тендер, кој во моментов отслужува 12-годишна затворска казна за измама и перење пари.
Поранешниот комунистички лидер Николае Чаушеску беше соборен од власт и егзекутиран за време на бунт во 1989 година.