Автомеханичар од Нарбон, Гислен Кутард стои зад идејата демонстратите во Франција да носат „жолти елеци“.
“Беше многу едноставно. Го снимив моето видео и го видов жолтиот елек, кој го користам на работа. Си помислив, тоа и е создадено за да можат да го видат сите, а исто така, и сите го имаме во нашите возила, бидејќи така е пропишано со закон. Зошто да не го користиме како наша боја за препознавање? Само за да видиме дали луѓето се подготвени да излезат на улица и да протестираат. И бинго! Тоа е токму она што се случи“, рече Кутард.
Тој е изненаден од одзивот, но и од насилството на полицијата.