Автобус со студенти и нивните инструктори излета во провалија во планинската област во Непал. Во несреќата загинале најмалку 21 лице, а 15 се повредени. Студентите се враќале од една фарма каде што биле на пракса.
Автобусот околу 500 метри се лизгаше во провалијата – информира тамошната полиција.
Операцијата за спасување се спроведува во тешки услови, бидејќи несреќата се случила во оддалечена област околу 450 километри од Катманду, а делови од смачканата автобус се расфрлани.