Австрискиот мултимилијардер Ричард Лугнер (91) во саботата по шести пат заплови во брачните води.
„Не сум нервозен, станав цврст по тоа прашање“, рече тој во пресрет на венчавката со 42-годишната Симоне Рајландер. Парот се вери во октомври минатата година, но потоа прекина во декември. Потоа се смирија и се венчаа пред матичар, додека црковната венчавка се најавува за неколку месеци, наесен.
Првата брачна ноќ ја поминале во луксузен виенски хотел, а некогашниот милијардер откри дека не планираат да одат на меден месец. „Симоне планира големи работи во градината, таа нема време за одмор, вредна е како пчела“, изјави Лугнер.
Претходно Лугнер изјави дека не му се допаѓа да биде сам, па оттука и новиот брак. Тој има 4 деца од претходните врски, а неговиот најстар син е роден во 1963 година и би можел да ѝ биде татко на Симоне. „Тоа ќе биде мојот последен брак“, рекол богаташот пред венчавката.
Претходно беше во брак со Плејбој зајачица
Пред бракот со Симоне, Ричард беше во брак со Плејбој зајачица, Кети Шмиц, која беше 57 години помлада од него и со која беше во брак до 2014 година. Неговиот прв брак со Кристинa Гмајнер траеше од 1961 до 1978 година, а потоа од 1979 до 1983 година беше во брак со Корнелија Лауферсвaјлер, на која секој ден ѝ испраќал букети цвеќе на работа.
Неговата трета сопруга Сузан Дитрих почина на само 34 години поради компликации кои настанале по естетска операција на носот, а со својата четврта сопруга Кристин Лугнер беше во брак од 1991 до 2007 година.