Бони Блу со вистинското име Тиа Билингер, 25-годишна контроверзна инфлуенсерка и работничка во индустријата за возрасни, со години го привлекува вниманието на јавноста.
Кон крајот на јануари, Бони, како што тврди таа, успеала да има секс со 1.057 мажи во период од само 12 часа, соборувајќи го претходниот рекорд кој го држеше Лиза Спаркс со 919 мажи од 2004 година. Овој потфат предизвика огромен медиумски интерес, но и различни реакции на социјалните мрежи. Овој настан се одржа во Лондон и, според самата Бони, претставува „нешто многу поголемо од само бројот на луѓе“. Во текот на нејзините објави на социјалните мрежи, Бони споменуваше дека нејзината цел е да соборува рекорди, но во исто време објасни дека мотивацијата за тоа е да ги тестира своите граници и да постави нови стандарди на физичка и ментална издржливост.
Неодамна, додека се зборуваше за „рекордот“ на Бони, имаше информации дека се развела од сопругот Оливер Дејвидсон, но новите информации говорат поинаку. Иако многумина веруваа во приказната дека нејзиниот сопруг ја напуштил и не сакал повеќе да ја гледа, инфлуенсерката Саманта Картрајт изнесе тврдења што фрли ново светло на оваа ситуација.
Бони и Оливер се запознале уште во нивните училишни денови. Нивната љубов била крунисана со брак во 2022 година, по што се преселиле на Голд Коуст во Австралија. Набргу потоа, Бони ја напуштила канцелариската работа и влегла во светот на онлајн содржините за возрасни. Бони изјавила дека нејзиниот сопруг ѝ дал целосна поддршка во таа одлука.
Меѓутоа, со зголеменото медиумско внимание, се појавија гласини за нивното раскинување. Блиски извори тврделе дека Оливер бил огорчен и не сакал ништо повеќе да има со неа. Ова го потврдиле повеќе медиуми, но се чини дека вистината не е така едноставна, објави Дејли Меил.
Саманта Картрајт, популарна корисничка на TikTok со повеќе од 270.000 следбеници, објави видео во кое тврди дека Бони и Оливер се уште се заедно. Таа се повика на луѓето кои имаат пристап до приватниот Фејсбук профил на Бони, каде наводно биле видени фотографии од парот од заедничките одмори на Кипар и Америка.
„Некој кој всушност ја познава и е на нејзиниот приватен Фејсбук, потврди дека се уште се заедно“, тврди Саманта. „Не само тоа, туку тој сè уште работи со неа, а нејзината сестра објави слики од сите нив заедно во авионот за Америка.“
Очигледно, Оливер не само што останал покрај Бони, туку бил и активно вклучен во нејзината работа. Нејзината сестра, според извори, дала отказ од претходната работа за да ѝ стане лична асистентка на Бони. Ова фрла сосема ново светло на приказната за нивниот развод.
Од друга страна, Бони постојано изјавувала дека Оливер ѝ бил поддршка на почетокот на кариерата и дека токму тој ѝ дал доверба да се впушти во оваа индустрија. Дали е ова уште еден маркетиншки трик или навистина решиле да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста?
Иако во медиумите се појавија тврдења дека Оливер ја оставил Бони и не сакал ништо повеќе со неа, новите информации покажуваат дека нивната приказна е далеку посложена. Фотографиите од нивните заеднички патувања и блиски извори сугерираат дека нивната врска е многу поблиска отколку што е официјално претставено.