Австралијката Ени Најт, која ги полнеше насловните страници на бројни списанија тврдејќи дека имала секс со повеќе од 300 луѓе за една година, си поставила нов предизвик – сака да најде љубов.
Таа изјавила дека е сингл веќе три години и е неискусна кога е во прашање додворувањето на мажите. Предизвикот наречен „52 љубовни состаноци за 52 недели“ го започнала во април. Таа вели дека досега била на 25 состаноци.
-Некои мажи изгледаа подобро на фотографии отколку во живо и лажеа за нивната висина. Некои од нив беа многу груби со келнерите, по што веднаш си заминав”, рекла оваа 26-годишна девојка, пишува „Herald Sun“.
Таа додала дека морала да одмори една недела бидејќи овој процес е „исцрпувачки“.
-Не знам што не е во ред со мене. Гледам некого на интернет и создавам идеална слика за него во мојата глава. Кога не ги исполнува моите очекувања, се разочарувам. Веројатно треба да посетам психолог. Всушност, одам кај психолог, но не зборуваме за љубовниот живот“, се пожалила таа.
Сепак се надева дека ќе успее да најде љубов.
-Многу сум пребирлива, но имаше пет момци со кои се видов повторно, рекла таа.
Претходно, за време на гостувањето во „The Kyle and Jackie O Show“, изјавила дека спиела и со мажи и со жени.
-Потоа се почувствував моќна. Се чувствувам добро благодарение на сексот”, рекла Најт.