Песната која ја нарекоа Форхенд, бекхенд, всушност е кавер на хитот на Лепа Брена Луда за тобом, а текстот го сменија за да му испратат порака за поддршка на Новак.
Видеото за кратко време стана хит на Фејсбук, а ентузијастичките Срби почнаа да пишуваат бројни пораки за благодарност во коментари до Бугарите.
Стиховите од песната ги пренесуваме во целост:
Австралија да биде пуста,
коронавирусот да има насекаде…
Не му дозволувате на Ѓоковиќ да влезе во земјата,
го затворивте во хотел.
Ниту Абориџините не знаат,
за PCR и балкански гени.
Нека скокаат кенгурите колку сакаат,
Ѓоковиќ повторно ќе биде најдобар.
Лудиот Ноле ги тепа,
му беше доделена балканска слава,
лудиот Новак им глуми,
и нема да се вакцинира.
Со плескавица и крушкова ракија,
и омикрон и делта ќе ги убие,
А Новак Ѓоковиќ е со короната (бугарски – круна),
затоа што тој е – балканскиот крал!