Австралискиот премиер изјави дека би спиел со Кајли Миног, па мораше да се извинува (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Австралискиот премиер Ентони Албанезе (63) упати извинување по критиките поради неодамнешните коментари што ги изнесе за пејачката Кајли Миног за време на едно интервју.

Тој разговараше со Ники Озборн во нејзиниот поткаст „Bush Deep“ кога комичарката го праша дали повеќе би сакал „да спие со, да се ожени или да излезе на состанок“ со Кајли Миног, актерката Никол Кидман или забавувачката Ронда Берчмор.

Премиерот, кој воедно е и лидер на Лабуристичката партија, очигледно се обиде да го избегне прашањето, велејќи ѝ на Ники Озборн дека пред неколку месеци се оженил со својата партнерка Џоди Хејдон.

Меѓутоа, кога беше притиснат да одговори, возврати: „Ох, Кајли, дефинитивно“.

Озборн појасни: „Би се ожениле со Кајли, би спиеле со неа и би излегле на состанок?“, по што Албанезе потврди: „Сè од наведеното, таа е прекрасна“.

Рано утрото во понеделник, на 6 јули, премиерот во соопштение што го пренесе локалниот медиум „ABC“, наведе: „Недвосмислено се извинувам за овие коментари“.

Извинувањето следуваше откако неколку негови колеги политичари ги осудија овие изјави. Министерката за комуникации во сенка, Сара Хендерсон, во објава на социјалната мрежа „X“ ги нарече „непочитување кон жените, срамни за Австралијците“ и додаде дека тие „ја понижуваат функцијата премиер“.

останати вести