Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во Сена.
– Митот за кока-кола е вистинит. Често го пиеме по пливањето, само за да се обидеме да испереме нешто во нас, изјави Џонсон за „Индипендент“.
На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по натпреварување во триатлон на Игрите во Париз. Поради ова, белгискиот тим беше принуден да се повлече од мешаната штафета.
Квалитетот на водата во Сена досега е постојана грижа во Париз. Пливањето во реката е во голема мера забрането во минатиот век бидејќи е премногу токсична.
И покрај тоа што француските власти потрошија 1,5 милијарди долари за подобрување на инфраструктурата пред натпреварите, вклучително и за прочистување на Сена, проблемите опстојуваат.