Најлудата теорија на заговор, која се прошири на Интернет, е дека пејачката Аврил Лавињ е одамна мртва, и дека во 2003 година ја заменила двојничка по име Мелиса. Оваа неверојатна приказна беше објавена на една бразилска интернет-страница, а потоа таа се прошири меѓу обожавателите кои ѝ го следеа секој чекор на популарната пејачка само за да откријат дали во оваа теорија лежи вистината или не…
Аврил Лавињ својот прв албум и вртоглавата популарност ги стекна со само 16 години. Се прослави облекувајќи се во широка облека и носејќи вратоврска, поради што ја нарекуваа „Анти-Бритни“. На пејачката не ѝ се допадна тој прекар, па велеше дека едноставно не сака да облекува облека која го открива нејзиното тело, дека не сака да „продава се*с“.
Нејзината популарност беше огромна, па Аврил се бореше со славата. И тука всушност лежат корените на оваа теорија на заговор.
Се зборува дека Аврил под товарот на славата ангажирала двојничка по име Мелиса. Имено, во еден момент, по претпоставка на најверните почитувачи на нејзиниот лик и дело, Аврил умрела, па издавачката куќа ја замени со Мелиса.
„Доказ“ се снимките од црвениот тепих пред 2003 година, на кои се гледа разликата во цртите на лицето. Обожавателите за оваа теорија на заговор инсистираат дека Мелиса сака да носи фустани, додека Аврил секогаш носела панталони, но и дека Мелиса оставала „знаци за смртта на Аврил“ во песните.
На пример, по нивната теорија, овие стихови најмногу покажуваа дека Аврил е мртва: „Денот кога изчезна беше ден кога открив дека ништо нема да биде исто..“
На Интернет постои дури и снимка на која се гледа како на раката Аврил Лавињ има потпис „Мелиса“.
Самата Аврил Лавињ никогаш не ја коментираше оваа теорија на заговор туку си продолжи да работи на својата кариера.