Мал авион се заби во магацинот на терапеутскиот центар во Форт Лаудердејл на Флорида. Во несреќата загинаа две лица, од кој едниот е сопственикот на авионот.
Објектот во кој се удри авионот се наоѓа во близината на аеродромот, а во тој момент во него биле учителите и шест деца, кои се неповредени. Тие во прв момент помислиле дека се работи за сообраќајна несреќа, но кога пламенот ја зафатил влезната врата на центарот, тие избегале од зградата.
Сведокот на несреќата Давид Довајн, изјавил дека прво слушнал три звуци на моторот на авионот, а потоа тој само пролетал покрај него.
Засега причините на насреќата сеуште не се објавени.