Спортски авион „Цесна“ со четири патници се урнал во близина на Раковица, во северниот дел на Хрватска, во близината на границата со БИХ, соопштија од горската служба на Хрватска.
Хрватските медиуми јавуваат дека сите четири патници биле од Унгарија, а авионот полетал од Сплит кон Германија.
Од радарот авионот исчезнал околу 11:52 часот. Веднаш во потрага се вклучиле и 34 полициски службеници. Последниот контакт на авионот бил на 2.300 стапки, северно од Раковица.
Потсетуваме дека Управата за цивилна заштита на хрватското МВР соопшти дека исчезнал авионот кој тргнал од Сплит. Се вели дека авионот „Цесна“ се движел кон север од Сплит кон Германија кога исчезнал северно од Раковица, на височина од 2.300 стапки.