Украинските сили во раните утрински часови собориле непријателски авион над Киев, кој потоа удрил во станбена зграда. Станбената зграда наводно има девет ката. Ова го изјави советникот на министерот за внатрешни работи Антон Херашченко.
Официјален претставник на украинското Министерство за внатрешни работи изјави дека авионот се урнал во киевскиот кварт Дарницки.
Истовремено граничен пункт во украинската област Запорожје е погодена од проектил, при што има и човечки жртви. Во нападот има и ранети војници. Регионот нема копнена граница со Русија, туку се наоѓа на брегот на Азовското Море. Нападот се случил во 4.25 часот по локално време.