Патнички авион на компанијата „Смартвингс“ што летал на релација Прага-Сплит денеска бил принудно приземјен поради предупредување за поставена бомба, пренесува N1.
Авионот Боинг 737 што летал од Прага за Сплит слетал во Сплит со известување од страна на на пилотот за вонредна состојба, потврдила за N1 Хрватската контрола за летање.
Оттаму не ги откриваат причините за прогласување вонредна состојба, но како што неофицијално дознава N1, патничкиот авион што летал на релација Прага-Сплит бил приземјен поради предупредување за бомба.
Кога авионот влегол во хрватскиот воздушен простор, пристигнала дојавата за експлозивната направа, по што авионот за кусо време слетал на аеродромот во Сплит, а сите патници биле проверени. Авионот бил изолиран на пистата, и сега е во надлежност на Министерството за внатрешни работи.
Хрватските медиуми наведуваат дека авионот, покрај специјалистите за експлозиви, го проверуваат и сите други надлежни служби, имајќи предвид дека постои добро утврден протокол за такви ситуации.
Боинг 737-7Q8 на летот од Прага за Сплит прогласил вонредна состојба во воздушниот простор на Хрватска (општа вонредна состојба), објавил Авиорадар. Порака за вонредна состојба била испратена во 13:27 часот.
Кога авионот влегол во воздушниот простор на Хрватска, пристигнало предупредување за бомба. Сите патници се проверуваат.