Авион се сруши синоќа во близина на грчкиот град Кавала, јавуваат грчките медиуми. Според првите информации, леталото што се урнало било од типот Антонов и пилотот побарал од него итно да слета во Кавала, но не успеал.
Според првичните информации, екипажот бол составен од осум лица. Телевизијата ERT јави дека е веќе започната операцијата за спасување и потрага, по несреќата којашто се случила околу 23 часот по локално време.
Последен пат авионите бил забележан на радарскиот екран на 10 наутички милји западно од Кавала. Пилотот пријавил дефект на еден од четирите мотори. На крајот од полуостровот Атос авионот направил свртување од 180 степени подготвувајќи се за принудно атерирање, но почнал остро да ја губи висината со моторот во пламен. Се претпоставува дека додека се спуштал авионот удрил во жици на далновод, поради што целиот регион останал без електрична енергија.
Во прилогот на ERT се наведува дека остатоците на авионот „Ан-12“ се откриени во близина на селото Палеохори во општината Пангео, на 40 километри од аеродромот во Кавала. Очевидци изјавиле дека авионот паднал на поле со пченка, а потоа следела експлозии.
Авионот, сопственост на украинска компанија, бил на комерцијален транспортен лет од Србија кон Јордан. Според грчките медиуми, бројот на летот е MEM3032 (Meridian Air Cargo).
Претставник на грчката Цивилна заштита за ERT изјави дека украинскиот авион „Ан-12“ можел да носи муниција.
„Пожарникарите направија безбедносен периметар околу урнатиот авион, пламените јазици веќе значително се намалени. Војската испрати специјализирани групи, кои решаваат за можноста и начинот на гаснење на пожарот. Засега ни кажаа да не се приближуваме до останките. Таму може да има муниција“, рече соговорникот.
Локалниот телевизиски канал Open објави дека специјален дрон го снима местото на несреќата за да се утврди дали има преживеани членови на екипажот. Во прилогот се наведува и дека на припадниците на сите екипи упатени на местото на настанот им било речено да носат заштитни маски, бидејќи се ширела специфична миризба од местото на пожарот.
Πρέπει να έπεσε αεροπλάνο προς την περιοχή της Καβάλας, ο κινητήρας είχε πάρει φωτιά pic.twitter.com/0Bu7gFNaGU
— Γ. Αρχοντόπουλος (@GArchontopoulos) July 16, 2022