Скопскиот бенд Дупер и Авалон Продукција потпишаа двегодишен договор за соработка во кој Авалон ќе биде издавач, организатор на концертите, како и букинг агенција на бендот. Дупер станаа хит-појава на домашната сцена со песните “Не сум твој тип” и “Тело за тв”.
Од Авалон најавуваат дека следуваат и нови музички материјали, нов сингл, албум и многу концерти.
“Дечките ми влегоа под кожа по два состанока”, рече Бобан Милошески, првиот човек на Авалон.