“Авалон” продукција на својот Фејсбук профил објави дека поради несогласувањата кои настанале помеѓу членовите на бендот “Дупер”, продукцијата одлучила да стави крај на соработката со групата која за кратко време стана вистински хит на македонската музичка сцена.
– “Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер и даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член… од според мене најпатетична можна причина, Авалон го раскина договорот со младите момци. Од мене толку” – стои во соопштението на Авалон Продукција.
Во „Дупер“ членуваа Мартина Баракоска на тапани, Илчо Нечовски вокал и Борис Какуринов на гитара.
Од минатата година тие потпишаа договор со Авалон продукција и требаше да го издадат и својот прв албум.