Секој што ја прочитал автобиографијата на Неда Украден „Зора jе сванула“ може да каже дека во таа книга има интересни и впечатливи настани за кои со посебни емоции пишувала познатата пејачка за нејзиниот приватен живот.
За некои веќе се пишуваше во медиумите, како на пример емотивните партнери на Неда на кои таа им посвети цели поглавја. Но, кога станува збор за врската со Саша Поповиќ, таа изјавила дека тие двајцата почнале да се забавуваат во летото 1989 година и дека поминувале многу време заедно. Често патувале меѓу Сараево и Нови Сад и ја планирале својата заедничка иднина.
Неда ја запознала мајката на Саша, Бранка, со која била многу блиска, а нејзиното семејство, одлично го прифатиле Поповиќ. Освен деталите каде се гледале и го поминувале времето, пејачката не открила ништо друго, а премолчила и за нејзината бременост. Во средината на 1990 година Неда и Саша Поповиќ дознале дека ќе станат родители, пишуваат српските медиуми, но пејачката по неколку месеци имала спонтан абортус. После тоа, тие се уште биле во врска неколку месеци, а раскинале во 1991 година, кога односите меѓу нив се заладиле.