На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи и предизвикале вистинска бура, Џенифер Лопез покажала дека ни најголемите диви не се имуни на шармот на убавите, згодни мажи, без оглед на тоа дали се познати или не.
На фотографиите се гледа Џеј Ло како го слави роденденот во свој препознатлив стил, игра на луксузна јахта во впечатливо портокалово бикини, а потоа и во бел фустан, а сите погледи се насочени само во неа.
Но, сред сета таа гламурозна атмосфера, еден дискретен поглед кажал повеќе од целата таа монодрама.

Додека се движела во ритамот на музиката, Лопез го „фатила“ погледот на елегантно облечениот маж којшто стоел во близина. Таа на момент запрела, очигледно заинтригирана.
Со својата препознатлива самодоверба, таа се свртела кон него и му испратила поглед којшто фановите го препознале. И баш така, забавата се претворила во момент на кокетна игра за која сега сите зборуваат.
Џеј Ло знае како да го сврти вниманието на себе
Не е секојдневна работа Лопез да дозволи некој маж да ѝ се приближи. Но, фановите можат да забележат како оваа ѕвезда одеднаш „го користи шармот“ штом ќе здогледа маж.
Нејзините движења стануваат заводливи, а со насмевката и погледот со доза мистерија, покажала колку зрачи со самодоверба.
Кога Џеј Ло ќе се појави сите погледи природно се насочени кон неа. Со децении на црвените теписи, турнеи и настапи успева да го украде вниманието, па така било и овојпат.
