Џенифер Лопез се расплака од среќа поради Џо Бајден (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Џенифер Лопез со видео поставено на нејзиниот Инстаграм профил покажа како плаче од среќа поради победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

Расплаканата Џеј Ло, која во предизборната кампања го поддржа Бајден, се снимала во кревет и на своите следбеници (ги има 133 милиони) им покажа како и навираат солзи радосници.

“ Утрово многу сум среќна. Во главата ми одекнуваат зборовите на секој Американец кои рекол дека одиме кон подобри денови, обединување на државите,  просто, се расплакав од среќа. Се надевам дека сите заедно ќе се сакаме еден со друг и ќе се почитуваме. Ова е нов ден “ рече Џенифер Лопез и се расплака.

останати вести