Џенифер Лопез на мета на критики поради секси изданието кое го покажала: „Премногу вулгарно…“

by Тони Зографски

Латино дивата Џенифер Лопез ужива невидена популарност откако нејзиниот најнов филм „Канцелариска романса“ ги сруши сите рекорди. Уште еднаш, нејзината завидна фигура се најде во центарот на вниманието, а потоа Џеј Ло „зачини“ сè со интересни објави на социјалните мрежи.

Веќе е многу напишано за најавите од Кан, бидејќи Џеј Ло позираше во (можеби) најпредизвикувачкиот костим, целиот во процепи, но сепак сите пропуштија еден детаљ…

Во серијата фотографии, имаше и една на која латино дивата позира во огледало, и тоа многу провокативно. Имено, Џеј Ло седи на стол, додека нозете ги кренала на маса и ги раширила, што им пречеше на многумина.

Иако е голема ѕвезда, многумина сметаа дека не треба да претерува, кога сигурно не ѝ недостасува популарност.

„Ова е непотребно“, „Премногу вулгарно“, „Склопи ги нозете“, „Не ѝ треба ваков маркетинг“, биле само дел од коментарите.

останати вести