Џасмин Тукс е првата трудница што прошета на ревијата на „Викторијас сикрет“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Џасмин Тукс имаше сензационално враќање на модната писта и тоа во деветтиот месец од втората бременост.

34-годишниот модел го отвори синоќешното модно шоу на Victoria’s Secret во Њујорк, гордо покажувајќи го пораснатото трудничко стомаче. Џасмин чекореше по пистата облечена во златен, мрежест костим и ангелски крилја во препознатливиот стил на модниот бренд.

Публиката ја пречека со овации, а Џасмин не ги криеше радоста и возбудата што токму таа го отвори спектаклот.

Џасмин Тукс влезе во историјата како втора црна жена и прва бремена манекенка што прошета на ревијата на „Викторијас сикрет“.

Бремената манекенка и нејзиниот сопруг Борера очекуваат момче. Таа ја сподели среќната вест ова лето на Инстаграм со серија фотографии од трудничкото снимање.

Не можам да поверувам дека го отворив шоуто во деветтиот месец од бременоста“  напиша Тукс по настапот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com